Пензионерите и сексот  Што велат експертите

573

Многу нови пензионери се прашуваат како можат да го намалат стресот поради престанокот на работниот однос и начинот на кој тие можат да се забавуваат? Одговорот е: секс!

Поточно, американскаите истражувачи откриле дека постарите се посреќни ако почесто имаат секс.

Лицата постари од 65 години чиј сексуален живот не е толку активен и понатаму се среќни и задоволни од својот живот, но благодарение на истражувањето на Универзитетот од Флорида дознаваме како честото водење љубов доведува до значаен индикатор за среќа во бракот, но и на општо чувство на задоволство во животот. Со тоа треба да се знае дека зборот “често” сепак подразбира ретка фреквенција кај постарите лица отколку кај помладите луѓе.

Според нивните наоди, 60 проценти од постарите се прилично среќни, а тие воделе љубов барем еднаш месечно. Од друга страна, пак, нивните врсници кои немаат сексуални односи, често сметаат дека се задоволни со своите животи, но не и со бракот.

“Ова истражување е важно за разбирање на врската помеѓу сексот и среќата и може да ни помогне во развојот на здравствените интервенции за поголема популација на пензионерите. Можеби е време да се размислува за креативни интервенции кои можат да им помогнат на постарите луѓе да станат сексуално активни”, објаснува Адриен Џексон, шеф на студијата.