Марк Цукерберг и неговата „униформа“
Основачот на „Фејсбук“ носи маица, панталони и дуксер со исти бои и модели секој ден со цел да го намали бројот на секојдневни избори и наместо тоа да се фокусира на донесување поважни одлуки.
– Јас навистина сакам да го прочистам својот живот, така што треба да донесувам што е можно помалку одлуки за било што, освен за тоа како најдобро да и служам на оваа заедница – изјавил кога новинарите го прашаа за неговиот стил.
Иако Цукерберг е познат како „стипса“ за некои работи, неговите познати сиви маички се дизајн на италијанскиот дизајнер Брунел Кучинели и чинат од 300 до 400 долари.
Закерберг не е единствената успешна личност која се придржува до оваа логика. Модниот дизајнер Мајкл Корс носи исти црни џемпери секој ден, додека Стив Џобс беше познат и по својата униформа, која се состоеше од црно палто и фармерки.
Продолжува на страна 4



















