Овие мажи паѓаат на големи гради | Еве и зошто

2433

На мажите кои бараат сексуално “кротка” партнерка, им се допаѓаат мали гради

Уште едно психолошко истражување е насочено кон тоа каква жена точно бараат мажите. Оние кои сакаат да доминираат во врската и сакаат до себе кротка, потчинета и лојална жена, треба да побараат претставнички на понежниот пол со мали гради.

Посамоуверените и плејбој мажи копнеат за повеќе месо

Мажите со висока самодоверба, кои сакаат да се во центарот на вниманието, често се залагаат за жени со поголеми гради, пишува списанието Journal of Personality and Social Psychology.За нив жена со огромни гради е уште една причина да се перчат гордо пред другите и да покажат повисок и завиден “социјален статус”. Љубовта кон позаоблени полутопки во горниот дел на женското тело е типична и за Плејбој мажите и шармерите.

Финансиски стабилните мажи преферираат мали гради

Количеството пари што го заработуваат, може да диктира приоритетот кон женските форми. Истражување во The Journal of Socio-Economics од 2008 година тврди дека господата кои се финансиски стабилни, се залагаат за дами со помали гради. Тоа е затоа што тие се чувствуваат посигурни доволно и не бараат изобилство околу себе, бидејќи можат да си обезбедат сè, за разлика од оние кои пак имаат финансиски тешкотии и потсвесно се обидуваат да ја балансираат несигурната позиција со визуелни измами.

Мажите кои сакаат бебе, бараат жени со големи гради

Господата кои се подготвени да го продолжат својот вид треба да побараат жени со големи гради. Тие ги поврзуваат со висока плодност и способност жената да роди и храни здрав и крупен наследник, тврди истражувањето од 2012 година во списанието Archives of Sexual Behavior.