Сексуална Азбука – Буква Д | Татјана Алексиќ

4983

Девственост – дефлорацијаFIXIE PERIOD PANTIES

Девојчињата од најрана возраст треба да знаат сѐ за менструалниот циклус, но и за хименот, за девственоста и дефлорацијата позната како губење невиност.

Не е срамота да се знаат нештата однапред, ниту е поттикнувачки да се пробаат порано ако се зборува за тоа, напротив, колку порано се зборува во едукативна насока, толку помалку ќе има негативни последици. Може да биде трауматично ако партнерите немаат основно теоретско познавање на процесот. Ако е позитивно искуството, сексот ќе се доживее како нешто здраво и забавно, во спротивно може да биде кошмар со трајни последици.

Доволна причина поради што дефлорацијата не треба да се сфати како механички процес на отворање конзерва. Одамна хименот не е нешто што се чува за првата брачна ноќ, но сепак треба да се внимава со кого ќе го споделите првото искуство.

Хименот може да биде еластичен и да не прокрвари, но има химени за кои треба машки да се запне за да се пробие. И најважно, не се залажувајте дека од прв пат не може да се забремени!

Дијафрагма

Во минатото постоеле примитивни методи за заштита на жената од несакана бременост и прототип на дијафрагмата била издлабена половинка од калинка која механички се ставала длабоко во вагината за да ја собере спермата. Но, патот на еден сперматозоид може да ја заобиколи калинката и ете ти калин – казачок.

Денешната софистицирана дијафрагма личи на мал вселенски брод, направена е од тенка гума со еластични ивици сместена позади карличната коска, каде ги чека несаканите вонземјани да атерираат. Постојат повеќе видови на дијафрагма, но и тоа треба да биде во консултација со вашиот гинеколог. Може да се извади најмалку 6 часа по сексуалниот однос, време потребно за девитализација на спермата.

Кај жени со чести инфекции на уринарниот тракт може да направат влошување на состојбата, а некои може да бидат алергични на гумата. Ваквиот вид на „женски кондом” штити од несакана бременост, но не и од сексуално пренесливи инфекции и сида. Колку да се знае! Но, затоа ФИКСИ килотите ве штитат од несакани црвени дамки по вашата облека, имајте ги кај вас сѐ додека сте во виталниот период.

Дисменореја

Субјективни пречки во врска со менструалиот циклус, најчесто болни грчеви во долниот дел на абдоменот, главоболки, вртоглавица, мачнина и сл. Често се забележани и психички пречки, во крајности како напнатост, радразливост или повлеченост, пречувствителост.

Овие психогени слабости се почести кај помладите жени, а ретко е причина физичка дисфункционалост на половите органи. Затоа треба отворен едукативен приод кон информациите за менструалниот период и сексуалноста, да се разберат како дел од здравјето на секоја млада жена, која може и несвесно да ја одбие улогата на жената, својата женскост и сексуалност поради предрасуди, непријатно сексуално искуство, погрешни информации и сл.

Психички проблеми може да бидат причина и за Диспареунија – одбивност кон партнерот за време на сексуалниот однос, при што се манифестираат горенаведените симптоми на мачнина, болки во стомакот, но и одвратност и нетрпеливост кон партнерот. Секако, тоа се субјективни симптоми за кои треба да се разговара со психотерапевт со цел да се решат и надминат.