Овие хороскопски знаци не се добра комбинација 

855

Иако се вели дека успешните врски се резултат на разговори и договори, некои хороскопски знаци воопшто не одат заедно, најчесто поради преголема разлика во карактерите.

Бик

Со припадниците на овој знак управува Венера, што ги прави одличен „материјал“ за врска, но тие навистина стануваат такви со вистинскиот партнер, додека во меѓувреме можат да имаат низа на незначителни афери.

Тие не сакаат да озборуват и не сакаат премногу да се мешаат во животот на другите луѓе.

Тие можат да ја имаат најлошата љубовна комбинација со Стрелците, кои со нив се однесуваат премногу слободно и независно. Лош избор се и Близнаците, кои се премногу немирни, исто како и Овните, со кои постојано ќе се караат поради толку силна волја.