Унијата за Медитеранот предупредува | Зголемувањето на нивото на морето значи смрт за земјоделството на Медитеранот

1529

За 15 години, јужна Европа ќе има клима слична на онаа што ја имала северна Африка во изминатите 4.000 години.

Унијата за Медитеранот (UfM), институција која обединува 27 земји на ЕУ и уште 16 од брегот на Средоземното Море, предупредува дека нивото на морето се зголемува и се повеќе и повеќе се нанесува сол на земјоделските површини, што може да го намали производството на храна и да ја загрози безбедноста на земјите.

По Арктикот на север, Медитеранот е втор најбрзо затоплувачки регион во светот, најмногу благодарение на ослободувањето на штетните гасови.

Grammenos Mastrojeni, заменик генерален секретар на UfM изјави дека „нивото на морето брзо се зголемува“.

Не е проблем што повеќе вода доаѓа на земјата, како на пример во Венеција, туку дека е солена. А тоа значи смрт за земјоделството, истакна тој во крајбрежниот град Барселона, каде што се наоѓа седиштето на Унијата за Медитеранот.

Mastrojeni, Италијанецот задолжен за енергетски и климатски акции во таа институција, вели дека „40 отсто од земјоделството во медитеранскиот регион се одвива покрај брегот“.

Имаме проблем во областа на делтата на реката По (на северот на Италија), но сериозна закана е потенцијалното засолување на делтата на Нил во Египет, што може да ја загрози безбедноста на таа голема земја, рече Mastrojeni.

Како резултат на тоа, миграцијата на гладните и осиромашените луѓе на европската страна на Медитеранот би можела да започне од Египет, земја на северот на Африка со 102 милиони жители.

Моите предци, Римјаните, велеа: Ако сакаш да доминираш со некого, треба да го победиш во борба. Но, ако никогаш повеќе не сакате да слушнете за него, мора да посипете сол на неговите ниви, рече Mastrojeni.

Во ноември тој бил во Египет на конференцијата на ОН за климатски промени, каде Медитеранот за прв пат имаше свој павилјон за предупредување на проблемите.

Досега медитеранските земји беа поделени во преговорите за климатските промени. Секоја се обиде да и помогне на својата група земји во остварувањето на своите цели, но овој пат се собравме да ги решиме заедничките проблеми, истакна Mastrojeni.

  • Сакавме да предупредиме дека Медитеранот е во опасност, додаде тој.

  • Медитеранот, вели тој, е „место на богати и сиромашни луѓе“.

Ако тоа место не се управува добро, може да стане сцена на конфликт, предупреди тој. Затоа мора да ги здружиме силите за да ги елиминираме причините. Треба да ја заштитиме и ревитализираме природата, додаде тој.

Тој, сепак, нагласи дека и медитеранските земји мора да се прилагодат на новите околности.

За 15 години, јужна Европа ќе има клима слична на онаа што ја имала северна Африка во изминатите 4.000 години. Кој има знаење како да се работи со земјоделие во такви услови? Кој знае како се одгледуваат земјоделски култури? Значи, кој има технологија и знаење?, рече тој, посочувајќи дека затоа е неопходна соработка меѓу северот и југот на Медитеранот.

За овие проблеми ќе се разговара на 19 мај во Шибеник на 3. Медитерански земјоделски форум (AGROMED), организиран од Институтот за европски и глобализациски истражувања.

Хрватска е една од земјите што ќе ги почувствува значајните последици од климатските промени, вели политикологот Vedran Obućina, раководител на форумот.

Подигнувањето на нивото на морето е веќе видливо за време на југото и бурите. Квалитетот на земјиштето опаѓа, сушите се подолги и почести, а ретките карстни извори на вода се под зголемен притисок и експлоатација, додава тој.

Во Шибеник домашни и странски експерти имаат намера да бараат решенија за ситуацијата.

Земјоделството плаче за систематско наводнување и одржливост, забележува Обучина.

Mastrojeni последен пат ја посети Хрватска во јули 2020 година, кога учествувал на Меѓународниот енергетски форум во Сплит, исто така организиран од Институтот за европски и глобализациски истражувања. Тогаш темата беше енергетската безбедност на Медитеранот.

Се чувствувам малку виновен. Ние сме многу преоптоварени, а од Хрватска пристигнуваат важни повици за интервенција во секторот на обновливите извори на енергија. Имавме некои разговори и слично, така што еден од моите приоритети е да направиме нешто конкретно, изјави Mastrojeni.

Тој посочи дека „голем е потенцијалот на Балканот во производството на енергија по пат на ветер“.

Треба што повеќе да се развива, забележува Mastrojeni, кој ги посети тамошните земји. Свесни се за потенцијалот што го имаат таму, па побараа помош од нас. Знаат и дека тоа не е само потенцијал од локален карактер, вели тој.

Кога Унијата за Медитеранот гледа интересен проект, се обидува да собере финансиери, индустријалци, политичари и социјални партнери за да го оживее. Така, во блискоисточната земја Јордан беше создадена поголема површина за фарми на ветер.

Можеме да ги седнеме сите страни на иста маса. И тоа добро функционира, заклучи Mastrojeni.