Овие хороскопски знаци лошо се снаоѓаат во врски

1155

Јарец

Јарците можат да се пофалат со малку на број, но доста стабилни пријателства. Нив ќе ги пронајдете во сериозни професии што се почитуваат во општеството. Но, во љубовта… нивните односи се кошмарни. Понекогаш тие самите ги прават такви со своите барања и забелешки.

Во други случаи, налетуваат на луѓе кои не сакаат сериозна врска, додека самите Јарци копнеат по тоа. Добрата страна на Јарецот е што кога започнува нешто ново, секогаш е отворен во своите желби, барања и намери, па се поштедува од недоразбирања.

Водолија

Водолиите не можат да се пофалат дека ќе се сретнат со една личност во младите години и ќе го поминат целото време со истата, иако сонуваат за таква врска. Вистината е дека Водолијата ќе помине низ многу минливи врски сè додека не стигне до оној што вистински ќе ги усреќи.

Тие сонуваат за семејство и дом, мирна околина, семејни одмори и слатки моменти дома. Драги Водолии, не грижете се, она што е ваше ќе дојде. Понекогаш само треба да бидете малку трпеливи. Само погледнете ги работите повеќе филозофски и ќе ви биде полесно да ја дочекате големата љубов.