Овие хороскопски парови се целосно некомпатибилни

158

На некои луѓе едноставно не им е судено да бидат заедно или тоа зависи од тоа во кој хороскопски знак сте родени?

Според астролошките толкувања, постојат хороскопски знаци кои ниту во еден случај не се сложуваат кога се во прашање романтичните односи.

Овие хороскопски парови немаат големи шанси да им успеат врските.

Овен и Рак

Спротивностите понекогаш се привлекуваат, но во овој случај, шансите се еднакви на нула. Додека Овните сакаат шетање, Раковите ја сакаат удобноста и лежењето. Овните се премногу натпреварувачки настроени и тврдоглави за да се носат со чувствителниот Рак.

Водолија и Бик

Една заедничка работа на Биковите и Водолиите е тврдоглавоста. Водолиите се најсестраниот хороскопски знак, склони кон бунтовност и се непредвидливи, додека стабилниот и верен Бик е традиционалист. Биковите бараат сигурност, додека Водолијата не ја држи место, па доколку влезат во врска, никако не можат да најдат заеднички јазик и само се нервираат еден со друг.

Близнаци и Девица

Близнаците се многу друштвени, одека Девиците се резервирани и нефлексибични интроверти на кои нивната рутина им е поважна од социјалниот живот. Кога еден партнер живее по принципите на спонтаноста и возбудливоста, а на другиот му се најважни предвидливоста и почитување на распоредот, во еден момент мора да дојде до експлозија во односот, а Девиците се ужаснуваат од несредени односи.

Вага и Јарец

Мирните Ваги сакаат да им удоволуваат на луѓето, па тешко ќе се сложат до Јарците кои потполно се концентрирани на себе. Од друга страна, Вагите не сакаат да се врзуваат и обожуваат промени, додека вредните Јарци ретко се препуштаат на игрите кои се неопходни за добро функционирање во врска со Вага. Јарецот по некое време ќе се умори од тоа што секогаш мора да носи одлуки, а дури ни мирољубивата Вага нема да успее да одржи мир во овој однос.

Лав и Скорпија

За разлика од останатите парови, Лавот и Скорпијата имаат многу заеднички работи. И едниот и другиот многу сакаат секс, живеат за драма, но овие два ефикасни знаци ретко завршуваат во врска. Лавот живее за светлоста на рефлекторот, а Скорпијата се држи настрана и го смета Лавот за површен и себичен, додека на Лавот му смета мистериозноста на Скорпијата.