Јарец: Играте безбедно
И покрај ладните „маски“, скоро вкочанети, вие криете невиден потенцијал на исклучителна љубовник/ца. Ќе го прикажете целиот раскош на вашата сексуалност во прегратка на личност што ја познавате и во чие друштво се чувствувате пријатно. Авантури за една ноќ и секојдневните врски не се ваш избор. Сексот не е најважната работа во вашиот живот, а апстиненцијата не ви е туѓа. Сакате да водите љубов полека и бавно и не сакате грубост, брзина и избрзување од кој било вид.
Водолија: Непредвидливи
На сексот се препуштате доста спонтано. Вашата сексуалност е скриена, па дури и кога сте заведени од еротски алузии, не оставате впечаток на особено страствен љубовник. За хармоничен љубовен живот, менталното е поважно за вас отколку еротската хармонија. Немате големи побарувања во кревет и не сте незаситни, но ви се допаѓа кога вашиот партнер е издржлив, има имагинација и подготвен за изненадувања. Вие исто така сте непредвидливи кога станува збор за предигра; понекогаш минувате бесконечно време за мазење и воведни игри, а понекогаш и веднаш преминувате на главното.
Риби: Сакај ме нежно
Имате илузија дека ако целосно му се предадете на партнерот, тој или таа ќе ве засака. Не толерирате грубост и секс во брзање и ќе уживате во прегратката на оние кои сакаат долга предигра и кои го доживуваат сексот како чин на врзување со партнерот. Со вистинскиот партнер, кој може да ги задоволи вашите потреби за галење и романса, станувате вистински оган во кревет. Најмногу од сè, го сакате сексот пред спиење и после тој чин, долги милувања и разговори.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















