Ова се најнапорните хороскопски знаци

1446

Скорпија

Скорпијата има големи барања, строга е, подмолна и одмаздољубива. Ако се замери со вас, тој нема веднаш да се разбесни како Овенот, но ќе ви возврати со ударот кога најмногу му одговара.

Тој не сака да ја открива својата интимност, но опсесивно „душка“ по туѓите животи и собира докази во случај да му треба. Тој бара целосна лојалност од неговите блиски, и ако се сомнева во вашето предавство или прељуба, ќе следи вистинско полициско испитување.

Близнаци

Ова е најтешкиот знак кога станува збор за љубовните врски. Иако е сосема едноставно да се согласите со нив во пријателски и деловни односи, во љубовта и сексот тие се кошмар. Ако и самите сте површни и повлечени, нема да најдете заеднички јазик со Близнаците.

Но, ако сте за вљубени во нив, ако навистина се грижите, ќе имате проблеми. Никој не им е интересен на подолг период и штом некој ќе им здодее, тие бараат нова занимација. Тогаш тие стануваат рамнодушни и ладни кон старата љубов, како да се странци.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.