Во вторникот човештвото постигна нешто ново и неверојатно, бидејќи за прв пат успеавме намерно да удриме во астероид на 11 милиони километри од дома, за да ја смениме неговата траекторија.
По долгогодишното планирање, двојниот тест за пренасочување на астероиди на NASA (DART) конечно се оствари, а нивното летало успешно удри во астероидот Dimorphos, кој орбитира околу друг и поголем астероид, Didymos. Тоа е и првиот обид да се пренасочи траекторијата на космички објект со значителна големина.
Преносот во живо даде приказ од „предното седиште“ на моментот кога вселенското летало DART удри во Dimorphos, но остана прашањето како би можел да изгледа ударот за подалечниот набљудувач.
Благодарение на италијанскиот сателит сега го знаеме одговорот и на тоа прашање.
За да го следи ударот и ефектите врз Dimorphos веднаш по ударот на вселенското летало, DART носеше сателит на Италијанската вселенска агенција (ASI) наречен Light Italian Asteroid Imaging CubeSat (LICIAcube), опремен со две оптички камери, LEIA и LUKE.
Here are the first images taken by #LICIACube of #DARTmission impact on asteroid #Dimorphos.
Now weeks and months of hard work are now starting for scientists and technicians involved in this mission, so stay tuned because we will have a lot to tell! pic.twitter.com/kVz1WmcsL7— LICIACube (@LICIACube) September 27, 2022
Италијанскиот сателит бил инсталиран пред моментот на ударот и на тој начин успеал да го сними целиот спектакуларен настан.
„Науката може да започне“
На приложената слика, големиот светол објект е астероидот Didymos. Покрај него, видливи се последиците од ударот на DART во Dimorphos, односно нишки од прашина се шират во сите правци. Новите снимки треба да откријат и колкав дел од астероидот е уништен од ударот, како и информации за неговиот состав.
Тие информации ќе им помогнат на научниците да дизајнираат идни мисии за пренасочување на астероиди, усовршувајќи ја технологијата врз основа на тие резултати.
Сега науката може да започне, вели планетарниот научник Katarina Miljković од Универзитетот Curtin во Австралија.
Следната фаза од мисијата вклучува барање промени во движењата на погодениот Dimorphos, кој е избран за мета поради неговата големина и положба. Со дијаметар од околу 160 метри, астероидот орбитира околу Didymos широк 780 метри околу еднаш на секои 11,9 часа во климава орбита.
Од овој судир, можеме да научиме повеќе за механиката на удари на мали тела, трансфер на импулс и можноста за користење на вештачки предизвикани удари за исфрлање на астероидите од нивните орбити. Ова досега не е направено… Ни требаше голем експеримент за да добиеме потврда против реалните податоци. Ова е за да се осигуриме дека ќе знаеме што да правиме ако Земјата некогаш наиде на опасен астероид кој се движи кон нас, вели Миљковиќ.



















