- Прво, бидете осамени. Прво, почнете да добивате задоволство од самиот себе. Прво станете толку автентично среќни, што нема да има никакво значење, ако никој и не ви дојде; вие сте полни, преполни.
– Ако никој и не затропа на вашата врата, сепак сѐ е во ред – вам ништо не ви недостасува. Вие дури и не очекувате дека некој ќе дојде и ќе тропне на вашата врата. Вие сте дома. Ако некој и дојде – добро е, преубаво.
- А ако никој и не дојде – добро е, преубаво. Тогаш можете да имате контакт со другите. Тогаш тоа можете да го правите како домаќин, а не како роб; како цар, а не како сиромав.
– Ако си богат, не размислувај за тоа, ако си сиромав – сиромаштијата не ја земај сериозно. Ако имаш можност да живееш во светот, сети се дека е светот – само театар, и ќе бидеш слободен, нема да те допре болката.
- Страдање – е резултат на сериозен став кон животот; блаженство е – резултат на играта. Прифати го животот како игра, радувај му се.
– Смелост – тоа е движење во непознато, и покрај сите стравови. Смелоста – тоа не е бестрашност. Бестрашноста се случува кога вие станувате посилни и похрабри.
– Тоа повисоко искуство на смелоста е – бестрашност; смелост која станала апсолутна. На самиот почеток разликата меѓу исплашениот и смелиот не е толку голема.
– Единствената разлика е во тоа што исплашените ги слушаат своите стравови и ги следат, а храбрите ги оставаат настрана и продолжуваат понатаму. Храбрите одат во непознатото и покрај сите стравови.
- Вие се менувате во секој момент. Вие сте река. Денес таа тече во една насока и климатот. Утре – во друга. Никогаш не сум видел едно исто лице два пати.
Тоа се менува. Тоа постојано се менува. Но, треба да се има остри очи тоа да се види. Во спротивно, паѓа темнина, и сè станува исто; се чини дека сѐ веќе се случило.
Слушајте свесно. Разбудете се. Кога ќе почувствувате дека исчезнува силата, придвижете се како треба. Себе, а не другите. Отворете ги очите. Разбудете се. Слушнете повторно.
Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback
Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg
Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување


















