Испратив пораки на наши пријатели
“Откако се разделивме, тој почна да ме малтретира и да ми ѕвони, да ми остава пораки на говорната пошта. Да се извинува, да ме моли да се врати, па дури и да плаче. Јас се налутив и испратив пораки мбожем по грешка на наши заеднички пријатели во виртуелни. Упс. Но така престана да ми досадува”, Г. М., 30 година
Неверство и казна – венерични болести
“Таа ми изневери со мојот најдобар пријател, за кого знаев дека има проблем со габи и така нејзе и ги предаде. Дури немаше потреба јас да и одмаздував на друг начин. “Г.С., 28 година
И реков на жена му
“Излегува со еден маж повеќе од една година. Бев многу вљубена и се надевав да се венчаме и да направиме семејство. Но тој така и не сакаше да заживееме заедно, што ми се чинеше многу чудно, бидејќи и двајцата работевме, имавме можност да купиме заеднички дом. Но тој се одалечи од поканата да живееме заедно и почнав да се сомневам дека можеби има друга. Почнав да го следам и сфатив дека не само што има друга жена, а и е оженет за неа. Побеснев и направив албум со сите наши слики заедно и го испратив на жена му. Набргу потоа сфатив дека се разделиле. “А. В.
Му го изгребав на неговиот автомобил
“Бидејќи секогаш се грижел повеќе за автомобил, отколку за мене, а откако се разделивме, јас ја изгребав неговата сакана количка. Со клучеви брутално и тој знаеше дека јас сум го направила. Што беше најмногу слатко“, М.Л.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















