Михаела Метсон (19) се заљубила во камионџијата Вилијан Малдер кој има 53 години откако го запознала преку итернет.
Михаела вели дека ја привлекол со својот изглед.
„Штом го видов на слика се изненадив од неговата убавина, а особено ми се допадна кривиот нос и очите“, вели таа.
Почнале да се допишуваат и да комуницираат преку веб камера, а потоа одлучиле да се запознаат. Од тогаш се нераздвојни, но работите се искомплицирале затоа што Вилијам и рекол дека мора да каже на родителите.
Мајка и ѝ татко и ѝ рекле да ја прекине врската со тој човек, ја пратиле на психолог, дури и го зеле и пасошот. Но, таа извадила друг пасош.
„Уште првиот пат кога се состанавме планирав да седнам на авион, а на родителите да им оставам порака, но тој бараше да им кажам. Тато збесна, се закануваше дека ќе се откаже од мене, а психологот се сложи со моите родители.“
СО новиот пасош заминала за Канада кај него, а тој ја запросил, па за неколку месеци се очекува свадба.
„Не можам да дочекам да станам негова сопруга. Знам дека заминав на погрешен начин од дома, но тоа беше единствено можно, затоа што моите родители не можат да се помират дека ќе се омажам за него.“
Луѓето мислат дека се татко и ќерка, но таа вели дека не ги забележуваат.