Новото истражување покажува дека ТЕСЛА измислил вентил многу сличен на дигестивниот систем кај ајкулата

272

Во 1920 година, Тесла развил вентилска линија за регулирање на протокот на флуид како неповратен вентил.

Новата студија, објавена минатата недела во Proceedings of the Royal Society B, покажува дека големиот пронаоѓач Никола Тесла во 1920 година ја развил структурата на, како што ја нарекол, вентилска линија која служи за регулирање на протокот на флуид како неповратен вентил, несвесно имитирајќи ја структурата на цревата кај ајкулите, известува New Scientist.

„Целта на вентилот е да произведе проток во една насока без употреба на дополнителни механички делови или дополнителна енергија“, вели за New York Times, авторката на студијата Samantha Leigh, физиолог за животни на Калифорнискиот државен универзитет.

Пронајдокот на Тесла, кој не е познат дали тој самиот некогаш го тестирал во пракса, е многу сличен со обликот на цревата на ајкулата. Не е непознато дека ајкулите имаат спирални дигестивни патишта, но процесот на расчленување на ајкулите често ја оштетува чувствителната структура на органите, прикривајќи како тие функционираат.

Вентилот на Тесла, прикажан на дијаграмот погоре, произведува еднонасочен проток без обратен проток или употреба на механички делови. Спиралното црево од ајкула, прикажано подолу, се чини дека има слична структура.
(Samantha Leigh / Državno sveučilište u Kaliforniji, Dominguez Hills)

Инспирација за инженерите

За да го заобиколат овој проблем, Leigh и коавторите со модерна технологија за дигитално скенирање ткива добиле цели дигестивни системи од 32 мртви ајкули. Ајкулите имале четири различни видови спирални црева.

Користејќи дигитални 3D модели и со експерименти, научниците откриле дека спиралната форма го забавува минувањето на храната, што може да им помогне на ајкулите да ги извлечат последните калории од неа. И како еднонасочниот вентил на Тесла, спиралната структура ја намалува енергијата која ја трошат ајкулите со туркање храна, мускулни контракции, во вистинската насока.

Во изјавата, Leigh вели дека увидите во функционирањето на дигестивниот систем на ајкулите им дале на инженерите инспирација во апликациите што вклучуваат третман на отпадни води и филтри за отстранување пластични загадувачи од вода.