Нови препораки за мамографија | Прегледите треба да се започнат многу порано од претходно советуваното

1719

Благодарение на нашата нова препорака ќе се спасат 20 отсто повеќе животи на женски пациенти, рече Nicholson.

Според новите упатства објавени во вторникот од страна на оперативната група за превенција на САД, жените треба да почнат да прават мамографи на 40-годишна возраст, наместо на 50 години, како што е претходно советувано.

Ова е ажурирана препорака од 2016 година, кога оваа независна група експерти препорачала дека двогодишната мамографија, рендген на градите, треба да започне на 50-годишна возраст, а одлуката на жените да се подложат на скрининг во нивните 40-ти „треба да биде индивидуална“, пишува CNN.

Некои групи, како што е Американското здружение за рак, веќе препорачале жените да прават мамографи почнувајќи од 40-годишна возраст.

Новата препорака на работната група е жените да започнат со мамографски скрининг за рак на дојка на 40-годишна возраст, а потоа секоја втора година до 74-тата година, рече заменик-претседателот на работната група, д-р Wanda Nicholson, професор на George Washington University.

  • Промената на препораката е резултат на новите научни сознанија, велат експертите.

Според Националниот институт за рак, стапката на рак на дојка кај жените на возраст од 40 до 49 години се зголемила во просек за 2 отсто годишно од 2015 до 2019 година.

Работната група проценила дека новите препораки би можеле да спречат барем една дополнителна смрт од рак на дојка на секои 1.000 жени.

Благодарение на нашата нова препорака ќе се спасат 20 отсто повеќе животи на женски пациенти, рече Nicholson.

Но, некои експерти веруваат дека жените треба да прават мамограф секоја година, особено по 50-тата година од животот.

Меѓу нив е и д-р Melissa Durand, радиолог и вонреден професор на Yale School of Medicine, која смета дека „годишниот скрининг може да открие најголем број на канцери бидејќи тие се најмали по големина и третманот е најефикасен“.

Радиолозите прашале и зошто работната група не препорачува годишни прегледи за жени со густо ткиво на дојка, што го отежнува откривањето на ракот.

Ако вашиот мамограф покажува дека ткивото на дојката е густо, би требало да правите мамограф секоја година или некој друг вид на преглед, како што е ултразвучен преглед или магнетна резонанца, рече д-р Durand.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.