НЕЗГОДНО ОТКРИТИЕ | Можно е двапати да се заразиме со омикрон | По една подваријанта може да се добие незгодната BA.2.

1305
Компјутерски генерирана слика на варијантата B.1.1.529 (Omicron) на Ковид, која првпат беше пријавена до Светската здравствена организација од Јужна Африка на 24 ноември 2021 година. Фотографија: Uma Shankar Sharma/Getty Images

Данските научници откриле дека е можно едно лице по зараза со подваријанта BA.1 може да се зарази со другата подваријанта BA.2, рака на срце, во ретки случаеви.

Можно е да се заразиме со два различни подтипови на омикрон двапати по ред, но тоа ретко се случува, покажа данската студија. Една нова студија, спроведена од истражувачи од најголемиот дански здравствен институт за заразни болести (Statens Serum Institut), покажува дека инфекцијата од подтипот BA.2 може да следи многу брзо по оригиналната инфекција од подтипот BA.1, но дека ова е ретка појава.

Овие два подтипа се разликуваат во 40 мутации. Додека BA.2 моментално претставува повеќе од 88% од случаите на инфекција во Данска, бројот на нови инфекции со овој подтип почнал да расте во Обединетото Кралство, Јужна Африка и Норвешка.

Реинфекциите главно ги погодиле младите, невакцинирани луѓе и предизвикале само блага форма на болеста, но ниту една не резултирала со хоспитализација или смрт, велат данските научници.

Студијата спроведена помеѓу ноември и февруари, која сè уште не е поминала рецензија, открила 1.739 случаи кои покажуваат дека истото лице прво било заразено со подтипот BA.1, а потоа, по 20 до 60 дена, со подтипот BA.2. Во тој период во Данска имало 1,8 милиони заразени.

Во помала група примероци, студијата открила 47 случаи на реинфекција со BA.2 кратко време по инфекцијата со BA.1. Истражувачите пронашле и помалку вирусен материјал во втората инфекција, што покажува дека лицето развило имунитет по првата инфекција.