Општото прогонство на сите оние кои властите ги сметале за комунисти за време на макартизмот достигна размери на хистерија, но главно страдале луѓе кои се залагале за поправеден свет, а вистинските шпиони продолжиле ревносно да поднесуваат тајни планови до Советите.
А со распадот на Советскиот Сојуз, тие само ја смениле адресата на своите пакети.
Од заспаните агенти, до оние кои биле во центарот на вниманието, од млади луѓе кои ја виделе можноста до оние кои биле водени од идеали, руските шпиони се нашле во најнеочекуваните слоеви на општеството.

Aldrich Ames почнал да шпионира за Русите во 1985. година, 22 години откако ја започнал својата кариера во CIA.
Ames течно зборувал руски и водел прашања поврзани со КГБ и надворешната разузнавачка служба на СССР. Неговата работа, која вклучувала регрутирање руски функционери за американски работи, го донела во Турција, Мексико Сити, Њујорк и Вирџинија.
Во 1985 година, додека бил стациониран во Вирџинија, Ames се состанал со руски претставници во руската амбасада во Вашингтон. Тој доброволно ги понудил своите услуги во замена за 50.000 долари. Летото по средбата, Ames на рускиот дипломат му дал доверливи информации од CIA и FBI.
Документите што ги предал вклучувале детали за агенти и оперативци на CIA и FBI во Советскиот Сојуз. Во следните девет години, Ames давал информации на КГБ; би оставал пакети на тајни места. CIA и FBI заклучиле дека нешто не е во ред кога руските функционери што ги регрутирале постојано се појавувале мртви или во затвор.
Истрагата открила дека Ames поседувал големи суми пари кои не можеле да се објаснат. Агенциите го следеле речиси една година и го пребарале неговиот дом за да најдат документи што го поврзувале со Русите.
Уапсен е во 1994. година, обвинет за шпионажа и осуден на доживотен затвор без помилување откако се изјаснил за виновен. Aldrich Ames е одговорен за смртта на агентите на CIA и FBI заробени и егзекутирани од властите на СССР.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 2



















