Потребата да бидете секогаш во право
Во едно партнерство не може секогаш само едниот партнер да биде прав и сè да се одвива на неговиот начин. Тоа значи дека во оваа врска ќе има многу несогласувања и никакви компромиси, што само по себе е погубно. Треба да научите да бидете “пофлексибилен” и да се обидете да погледнете и во перспективата на другата страна. Научете да го ислушате партнерот и да се приспособувате кон нејзиното мислење, ако сакате врската да се развива.
Огромното его
Кога еден маж се наоѓа во 20-те години, тој често се мисли за непобедлив и смета дека нема потреба од никого. Вистината е дека има уште многу што да научите за животот и односите. Потоа ќе дознаете дека жената во која ќе се заљубите, ќе ве научи на многу работи и ќе ве развие како личност. Покрај тоа, таа ќе донесе нова перспектива во животот, ќе ве натера да се отворите кон нови искуства. Токму затоа ќе треба да го потиснете огромното его.
Вашата незрелост
Може да сте маж, кој долго време избегнувал да презема сериозна, долгорочна посветеност или можеби имате антипатија кон романтиката, бракот и создавање на семејство, но порано или подоцна тоа ќе затропа на врата. Откако ќе ја сретнете најсоодветната жена, ќе треба да се потрудите да изградите со неа здрава, зрела врска која да биде фундамент за иднината. Жените држат до тоа. Тие сакаат партнерство со маж, зрел за светот на возрасните. Ако сакате да бидете дел од оваа врска, ќе треба да се однеусвате мудро и искрено.
Вашиот начин на размислување – без планови
Кога сте млади, природно е да не мислите особено често за иднината, туку да живеете повеќе во сегашноста. Ако сте ја сретнале најсоодветната жена за вас, сепак, ќе мора да научите да ја планирате иднината со неа. Тоа ќе бара од вас не само долгорочна посветеност, но и поддршка. Таа ќе сака да може да смета на вас, ќе се очекува да бидете нејзин соиграч во животот и во љубовта.
Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















