1. Депресија
Депресија поради недостаток на секс? О, да, можно е. Американските научници од Универзитетот во Флорида откриле дека луѓето кои не практикуваат редовен секс почесто доживуваат депресивно расположение.
2. Ја нарушува циркулацијата
Сексот е добар за срцето и циркулацијата. За време на сексот, пулсот се забрзува и се зголемува од 70 отчукувања во минута на 150 отчукувања. Доколку се практикува секс три пати неделно, ризикот од срцев удар се намалува за 50%.
Покрај физичката активност, сексот го поттикнува лачењето на добри хормони кои поволно делуваат на целокупното здравје на човекот.
3. Влијае на состојбата на кожата
За време на сексуалниот однос, женското тело го удвојува производството на естроген. Ова води до повеќе сјајна коса и помека кожа.
4. Неквалитетен сон
Иако нередовниот секс не е секогаш одговорен за неквалитетниот сон, докажано е дека редовниот секс и доживувањето оргазми значително го подобруваат квалитетот на сонот. Поконкретно, хормоните кои се ослободуваат за време и по сексот имаат смирувачки ефект врз телото и го олеснуваат заспивањето.
5. Недостиг на самодоверба
Поради чувството на блискост и припадност за време на сексот се зголемува самодовербата.
6. Слаба концентрација и слаба работа
Хормоните кои се лачат за време на сексот имаат големо влијание врз човечката психа. Луѓето кои имаат добар сексуален живот се значително поефикасни на работа бидејќи се позадоволни.