Научниците препорачуваат да се јаде со валкани раце

585

Во исхраната на современите луѓе нема доволно влакна поради што трпат „добрите“ бактерии во цревата, а тој проблем се јавува во повеќе генерации на исто семејство, покажува нова студија.

Добрите бактерии живеат од влакнести материјали во овошјето, зеленчукот и житарките, но поради претерана употреба на преработки, повеќе не е доволно ниту да се додаваат уште влакна.

Студијата, која ја спроведоа истражувачи од Стенфорд универзитетот, покажува дека одредени микроби кои живеат во цревата на глувците кои се хранат со слични намирници како луѓето од развиените земји, полека изумираат.

Сепак, луѓето можат да внесат добри бактерии и од надворешни извори, а најважни се, нашите најблиски сродници. Исто така можеме да имаме корист и од едноставна измена на навиките како пречесто миење раце, велат истражувачите.