Научниците од Универзитетот Стенфорд посочија 5 чекори како да се надмине разделбата

743

Да се ​​разделиш со некого е тешко. Секој изгледа има свои рокови и начини да ja преживее разделбата. Додека некои како дa вртат еден клуч и крај, сите имаме по еден пријател (или сме овој пријател) кој веќе три месеци секоја вечер го разгледува профилот на поранешната партнерка и праќа купишта пораки во пијана состојба, пишува Business Insider.

Ако вие сте оној човек, ве разбираме в. Може да е неверојатно тешко да ги пресечеш врските и да продолжиш понатаму. Но има ли начини тоа да се случи побрзо?

Токму тоа се стреми да го открие новото видео на Bustle Love, Factually. Има ли начин кој ќе ни помогне да продолжиме напред побрзо? Повеќето мои пријатели се заколнати дека најдобар начин е “клин клин избива”, други се придржуваат до старите добри романтични комедии, но кое е најефикасното?

Според експертите начинот на кој се справуваме со болката на разделбата, се должи главно на нашата состојба на духот и гледната точка (не дека е лесно да го контролираш тоа).

Eто што е потребно да знаете за да се надмине разделбата што е можно поскоро.

1. Ако го интернализирате отфрлањето, е потешко

Лорен Хау, научник од Универзитетот Стенфорд, работела заедно со тим од други истражувачи на студија која опфаќа над 800 лица, што открива нешто важно: луѓето кои го интернализираат отфрлањето, се справи потешко со раскинувањето.

Тоа се луѓето кои гледаат на отфрлањето како одраз на нив самите – доказ дека тие не се доволно добри или достојни за љубов. Тие потешко успеваат да продолжат понатаму во споредба со луѓето кои мислат дека отфрлањето е природен дел од животот – или дури можност за учење и напредување.

Продолжува на страна 2