Научете да не се извинувате погрешно

1596

Сите сакаме да примаме извинувања, но сме тешки на нивно давање. Ова особено важи за поинатливи и доминантни луѓе кои имаат големо его и гордост.

Ако сакаате да бидете сериозно сфатени во фирмата во која што работите, во случај да напраивте некоја грешка, треба да го знаете правилниот начин на кој треба да се извините, па поради тие причини постојат неколку ситуации кои кога се извинувате треба да ги одбегнувате.

Непризнавање на грешката

Доколку станува збор за ситуација каде вие сте направиле грешка, најлошото нешто е да ја избегнувате вината, или пак да ја префрлате на друг. Во никој случај не користете оправдувања зашто сте ја направиле. Најдобро е да ја признаете грешката со напомена дека сте ја научиле лекцијата и нема да ја повторите во иднина.

Неправилен избор на зборови

Кога сакате да искажете извинување, особено е важно да ги одберете правилните зборови се со цел да не навредите некој, односно да ја пренесете правилната порака и идејата на вашето извинување.

Не треба да останете без аргументи

Секогаш треба да ја знаете причината поради која се извинувате. Притоа, искористете доволно аргументи со кои целосно ќе го поткрепите вашето извинување.

Не користете технологија за извинување

Извинувањето е многу важен и личен процес кој треба да се оствари со личен контакт со лицето кое треба да го прими извинувањето, што значи избегнете ја технологијата да го направите тоа, напротив погледнете го лицето во очи и искрено искажете го вашето извинување.

Она што треба да го сфатиме е дека сите правиме грешки и сите треба да прифатиме дека човечки е да се згреши, но почовечки е да се прифати фактот дека сме направиле грешка и да се извиниме за истото.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.