НАСА излезе со нови не толку добри податоци | Земјата задржува двојно повеќе топлина отколку пред 14 години!

1110

Зар се очекува поголем пекол? 

„Воочените трендови во одредена смисла доста алармантни“, тврди водечкиот автор на студијата.

Планетата Земја денес задржува двојно повеќе топлина отколку пред 14 години, покажуваат најновите студии на НАСА,CERES (Clouds and the Earth’s Radiant Energy System), пишува space.com.

Резултатите од студијата предизвикаа загриженост за можното забрзување на климатските промени.

Научниците ги анализирале податоците на CERES од неколку сателити во орбитата и измериле колку енергија Земјата апсорбира во облик на сончева светлина и колку од нив се емитира назад во вселената во форма на инфрацрвено зрачење. Тие дошле до заклучок дека во периодот помеѓу 2005 и 2019 година, енергетскиот дисбаланс, односно разликата помеѓу влезната и излезната енергија, е двојно зголемена во споредба со претходните години.

Авторите на студијата користеле и податоци од Арго, меѓународна мрежа на сензори поставени по океаните, кои ја мерат стапката на нивното затоплување. Споредувањето на податоците на CERES со Арго им помогна на научниците да ги зајакнат наодите бидејќи се знае дека океаните апсорбираат до 90 проценти од вишокот енергија што ја задржува планетата.

“Два независни начини на кои може да се измерат промените во енергетскиот дисбаланс на Земјата покажуваат слични резултати. Воочените трендови на некој начин се доста алармантни”, изјави атмосферскиот научник Норман Лоеб, водечки автор на новата студија.

Лоб и неговиот тим заклучиле дека зголеменото затоплување е резултат на природните процеси и човечките активности. Зголемената концентрација на стакленички гасови, јаглерод диоксид и метан во атмосферата на Земјата задржува повеќе топлина. Ледените површини се намалуваат поради затоплувањето на планетата, што предизвикува помалку рефлексија на влезната енергија од површината на Земјата.

Природната појава наречена Пацифичка декадна осцилација исто така придонесува за затоплувањето. Таа предизвикува редовни флуктуации на температурата на Тихиот океан, така што во текот на една деценија западните делови стануваат постудени, а источните потопли, додека спротивниот тренд се јавува во следната деценија. Интензивната фаза на осцилација започнала во 2014 година и предизвикала намалено формирање на облаци над крајбрежјето, што резултирало со зголемена апсорпција на влезната енергија.

Иако студијата опфати краток временски период, Лоеб посочува дека климата на Земјата е уште понеизбалансирана отколку што се претпоставувало и дека може да се очекуваат посериозни климатски промени, како што се забрзаниот пораст на температурата и покачувањето на нивото на морето.