Направете сируп кој лечи повеќе заболувања

1553

Цветовите на багремот се користат при преладеност, настинки, грип, болки во желудник, како и за смирување на главоболки.

Цветот на багремот важи за еден од најмедоносните, а медот има специфичен и пријатен вкус, со светла жолта боја.

Цветањето трае помеѓу 10 и 14 денови. Толчникот од цветот е јадлив и има сладок вкус. Токму од багремите може да се направи лековит сируп.

ВАЖНО ⇒ Доколку сте алергични на поленов прав, не го користете овој сируп.

Потребно

  • 50 цветови (целите гроздови)
  • 5 литри превриена и изладена вода
  • 100 гр лимонтус
  • 500 гр лимон исечен на парчиња
  • 5 кг шеќер

Подготовка

Во изладената вода ставете ги цветовите багрем, лимонтусот и парчињата лимон. Покријте со крпа и оставете да отстои 24 часа. Мешајте повремено, а потоа прецедете преку цедалка обложена со газа.

Шеќерот ставете го во тенџере и варете со еден литар вода, додека да зоврие. Во топлиот сируп сипете ја добиената течност од багрем и измешајте. Сипете го сирупот во чисти стаклени шишиња и чувајте ги на суво и темно место.

Доколку сакате, можете и да ги пастеризирате. Ако сакате поинтензивен вкус, додадете повеќе цветови.

Бонус рецепт

Исушете цветови од багрем за да подготвите чај кој ќе ви помогне при главоболки, болки во желудник и настинка.

Цветовите сушете ги на стебленцето, а откако ќе се исушат, одвојте ги и чувајте ги во хартиена ќеса или картонска кутија.

За половина литар чај потребни ви е една голема полна лажица сушен цвет.

Пробајте го и овој моќен сок за подобар имунитет.