Децата на “упорните” родители кои постојано се мешаат во нивните животи, за да ги поттикнат да добијат повисоки образовни квалификации, се со поголема веројатност да станат премногу себепреиспитувачки или загрижувачки и депресивни, покажуваат резултатите од истражувањето, цитирано од УПИ.
“Кога родител има ненаметливо присуство во животот на своите деца, за нив тоа може да е сигнал дека она што го прават, никогаш не е доволно добро”, изјави раководителот на истражувањето, психологот Рајан Хонг од Националниот универзитет во Сингапур.
Петгодишниот истражување опфатило ученици во основни училишта во Сингапур.
Резултатите покажале дека оние деца чии родители постојано се мешаат во нивните животи, имаат големи очекувања за нивни универзитетски успеси и реагираат остро при нивна грешка, и се со зголемен ризик да бидат премногу критични кон себе.
Научниците освен тоа утврдиле дека децата кои многу се преиспитуваат, се со повисоко ниво на анксиозност или повеќе симптоми на депресија. Истражувањето сепак не докажува дека родителскиот притисок предизвикува анксиозност или депресија.
“Како резултат на тоа, детето може да се уплаши дека ќе направи мала грешка и ќе се обвинува себеси дека не било ”совршено“. По некое време таквото однесување, познато како маладаптивен перфекционизам, може да е погубно за добросостојбата на детето, и ќе го зголеми ризикот од депресија, анксиозност и дури самоубиство”, објасни Хонг.
Заклучоците се врз основа на истражување со 7-годишни деца од 10 училишта во Сингапур, како и со еден од родителите на секое од нив. Нападното присуство било преценето додека детето требало да одлучи за задачи во ограничено време.
Однесувањето на родителот било смета за компулсивно, ако тој се меша во решавањето на задачите и го контролира. Резултатите покажуваат дека во општество во кое се фали високото образование, родителите можат да имаат нереално високи очекувања од своите деца.
Резултатите од истражувањето се објавени во Journal of Personality.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.