Што јаде жена која изгубила 37 килограми за 18 месеци?

878

Жена која изгуби 37 килограми за само 18 месеци го откри своето дневно мени, но и неколку трикови за слабеење.

Мелиса Тајмер (31) од Сиднеј успеа да стигне до 70 од107 кг, подготвувајќи ги своите оброци однапред и исфрлајќи непотребни закуски.

За да го задржи сега своето неверојатно губење на килограми, Мелиса посочила дека најмногу следи диета со висока содржина на протеини и ги ограничува јаглехидратите како што се леб, тестенини и ориз.

Мелиса објаснила дека нејзиниот типичен појадок е нешто со многу протеини, но и зеленчук.

„Моите утра обично започнуваат со кајгана, спанаќ, домати и печурки“, рекла таа за „The Healthy Mummy“.

После појадокот, Мелиса главно вежба, но секогаш има при рака здрави закуски за да се спречи да посегне по слатки.

„Закуските обично се состојат од стапчиња од морков или целер“, вели таа.

Кога станува збор за ручек, таа сака нешто лесно за да ја задржи фокусирана и енергична целото попладне.

„Ручекот е едноставен, јас обично подготвувам шејк, туна или пилешка салата“, рекла Мелиса.

„Моите салати се многу изобилни, сакам да јадам, затоа се грижам мојата чинија да биде што е можно пошарена“, додала таа.

Потоа Мелиса пие кафе или јогурт со бобинки. Вечерата е нејзиниот омилен оброк во денот. Таа ја сака мексиканската кујна, односно добра порција протеини и зеленчук со салати.

Денот го завршува со неколку коцки темно чоколадо или протеински палачинки.