Најстарата европејка ја победи короната на 117 години 

1142

Лусил Рандон, именувана како сестра Андре, живее во Центарот за геронтологија во Тулон на југот на Франција.

Тестот на 16 јануари покажал дека е позитивна на вирусот корона, по што е изолирана од другите одделенија, но не покажала никакви симптоми, пренесува Ројтерс.

На прашањето од телевизијата BFM дали се плаши, таа одговорила:

„Не, не се плашев затоа што не се плашам да умрам. Среќна сум што сум со тебе, но би сакала да бидам на друго место, да им се придружам на мојот брат, бабите и дедовците“.

Портпаролот на домот за стари лица во Сент Кетрин Лабур, Дејвид Тавела изјави дека се чувствува добро.

Мислиме дека е излечена. Таа е мирна и со нетрпение очекува да го прослави својот 117-ти роденден во четврток – рече тој.

Тој рече дека сестрата Андре, која е слепа, но е полна со дух, ќе го прослави својот роденден со мала група жители од домот поради ризик од инфекција.

Таа е многу среќна, додаде тој.

Сестра Андре, родена на 11 февруари 1904 година, е втора најстара жива личност во светот. Најстар е Јапонецот Кејн Танака, кој на 2 јануари наполни 118 години.

Дваесетте најстари живи луѓе во светот се жени.