Можеби ќе ви звучи чудно, но многу често успешните жени се чувствуваат сосема изгубено кога треба да го најдат вистинскиот партнер.
Овие жени не сакаат да бидат сами, не сакаат да се помират со помалку отколку што заслужуваат и изморени се од постојаните коментари за тоа што се сингл.
Доколку ѝ пристапувате на љубовта на истиот начин како и на вашата кариера, најверојатно правите неколку грешки со кои самите ја саботирате вашата среќа. Доколку никако немате среќа во љубовниот живот и покрај огромниот успех на професионално поле, можете да го промените тоа многу лесно. Во продолжение погледнете ги 3-те грешки што ги прават успешните жени во љубовта, но и како да ги поправите.
Се фокусирате само на она што го сакате и заборавате да внимавате на она што не го сакате
Жените кои се успешни на работното место се навикнати да го насочуваат вниманието кон она што го сакаат. Токму ова им помогнало да го постигнат нивниот успех. Но, доколку го правите ова кога станува збор за мажи, тогаш не обрнувате внимание на нештата што не ги сакате.
Доколку не обрнувате внимание на овие нешта, тогаш постои можност да се најдат во вашиот живот. На пример, можеби сакате маж кој има добра работа и заработува доволно. Сакате да биде екстроверт и со многу пријатели. Кога ќе го најдете ќе ви изгледа совршен, но после неколку месеци ќе сфатите дека кога сте излезени пие многу, повеќе отколку што ви се допаѓа. Или пак можеби премногу флертува со други.
Ако сакате да бидете успешни во љубовта, како и во кариерата, направете листа со работи што не би ги сакале кај вашиот партнер. Ова нека бидат работи со кои никако не би се помириле. Кога ќе знаете што не сакате, ќе можете уште веднаш да забележите дали тоа однесување го има кај потенцијалниот партнер.
Одите по оној што го сакате, наместо да му дозволите на некој да ве освои
Одењето по она што го сакате е важна вештина во светот на бизнисот. Но, кога станува збор за љубовта, одењето по маж што ви се допаѓа нема да ви даде никакви информации за него. Ќе почнете да се чувствувате анксиозно во врска со неговите чувства кон вас, па најверојатно ќе го побарате. Нема да ви биде јасно зошто всушност сте го побарале и ќе се тешите со помислата дека нема потреба да го чекате него.
Можеби тој ќе ја прифати вашата покана за излегување, но најмногу бидејќи нема што друго да прави. Кога ќе сретне жена што сака да ја освои, можно е целосно да заборави на вас.
За да го промените ова, потребно е самите да се сопрете. Понекогаш треба да бидете мирни и да не правите ништо. Почекајте да видете што ќе направи тој прво. Гледајте се со други додека тој не се посвети на моногамна врска.
Ги нагласувате вашите достигнувања, наместо да го покажете вашето вистинско лице
Можеби се дефинирате себеси според она што го работите. Ве ценат за нештата што сте ги постигнале и ве охрабруваат да направите повеќе. Но интересно прашање што треба да си го поставите е: „Која би бил јас без мојата работа?“
Каква личност сте навистина? Кое е вашето јас со кое си легнувате секоја вечер? Тоа е вашето вистинско лице, без сите маски и идентитети што ги носите. Тоа сте само вие, а не некоја директорка, ќерка, пријателка, сестра и слично.
Вашите достигнувања се за гордост и можеби изгледаат секси за другите, но доколку ги истакнувате на почетокот од врската, можете да ја намалите вашата привлечност.
За да ја најдете вистинската љубов, оставете ја работата дома и бидете позабавни на состанокот. Подгответе прашања за потенцијалниот партнер, а замолете го и тој да го направи истото. На овој начин ќе дознаете повеќе еден за друг. Кога разговорот за големи идеи ќе ви стане интересен и ќе се развие во нешто поголемо, секој разговор ќе ви биде полесен.
Доколку подолго време сте сингл, сè сте правеле самите. Сте завршиле одлична работа и треба да бидете горди на достигнувањата. Но за да ја најдете вистинската љубов, успехот зависи од познавањето на вашите граници, но и поставувањето реални стандарди.