Најчестите грешки на почетокот на врската

193

Кога почнувате нова врска, односите не се секогаш толку едноставни. Постојат некои работи кои многу парови ги прават и со кои ја поставуваат уште кревката врска пред искушение.

Акосте ги овие грешки претходно, обидете се да земете поука. Ако не сте сфатиле каде сте грешеле досега, отворете очи со следните вообичаени грешки кои повеќето нови парови ги прават!

Брзате премногу

Силењето на работите никогаш не е добар потег. Кога се фрлате во врска со премногу силен пламен ризикувате тој да изгори премногу брзо. За да се избегне ова едноставно се оставете да тече. Не ги присилувајте односите меѓу вас и потпирајте се на судбината. Така дури и ќеуживате уште поквалитетно во времето поминато со саканиот човек.

Фантазирате за иднината

Многу парови признаваат дека очекувањата и нивните планови за иднината често не се остваруваат, кога ги прават премногу рано. За сето си има време. Утврдете стабилна и здрава врска и тогаш ќе погледнето во иднината. Основите за тоа ќе се повеќе, а и ќе подлабоко се осврнете на нив.

Споделувате премногу за врската

Неизбежно е да ги држите пријателките во текот со вашата нова врска и особеностите околу новиот дечко. Но, не споделувајте премногу. Оставајте повеќето детали за себе. Никој не би бил особено среќен, ако знае дека неговиот личен живот е отворена книга пред разни непознати.

Се игнорирате себе

Честа грешка во почетокот на една врска е жртвувањето премногу. Ова важи и за двете страни. Кога жртвувањето е двострано, проблемите се чинат за понадминливи. Ако сепак едниот партнер има тенденција да се занемарува себе во името на другиот, тоа неизбежно ќе стане проблем во даден момент.

Демнете во социјалните медиуми

Кога не го познавате добро новото момче, често се искушувате да ѕиркате во неговиот приватен профил. Ја откривате лозинката или пак си правите лажен профил, од кој ќе го набљудувате неговото однесување со другите жени.

Малку љубопитност не штети, но ако почне да добива морбидни димензии, направете си сами сметка каков ќе биде исходот од ситуацијата.

Дозволувате на друг да донесува одлуки наместо вас

Односите се комплицирано нешто. Секогаш човек сепак не знае што е најдобро за него. Затоа често ги доверуваме изборите на несакани луѓе кои ја вртат ситуацијата од друг агол.

Тоа е добро, но кога се прави со мерка. Најважно е да не се дозволи водење на изборот целосно од несакани набљудувачи.

Животот е ваш, нели?