Експерименталниот уред Nerivio Migra на компанијата Theranica е надеж за спас од мигрена.
Овој систем, контролиран преку смартфон, ја намалува острината на болката, ги стимулира нервите во раката со струја, соопшти Fox News.
Системот претставува лејкопласт со батерија, електроди и компјутерски чип кој се соединува со мобилен уред за безжичен канал.
Системот ги стимулира нервите под кожата на раката и ги блокира сигналите на болка, со тоа што не им овозможува да стигнат до мозокот.
Таа беше тестирана врз доброволци. 71 лице со епизодната мигрена (од 2 до 8 напади на мигрена месечно) не земаа лекови против болки во главата во најмалку два месеци.
Лејкопластот на Nerivio Migra се става врз горниот дел од раката при започнувањето на напади. Се аплицира во текот на 20 минути.
Овен тоа во текот на 2 часа од почетокот на тестот волонтерите не земале лекови. Експериментот дозволил острината на болката да се намали најмалку за 50% кај 64% од учесниците. Тоа настанувало до 2 часа од почетокот на третманот.
При најактивна симулација болката исчезнала целосно или речиси кај 58% од учесниците. Ако пак уредот се активира во првите 20 минути од удар, средното намалување на острината на болката достигнува 47 проценти.



















