Таа не ни помислувала на продажба

Balkiss продолжила да оди на училиште. Станувала во три наутро за да учи. Но, како што растела, бракот не и бегал.
Еден ден, кога имала 16 години, стасала венчаницата, цена за невестата и куферите.
“Почувствував длабока болка, навистина ми се скрши срцето, затоа што знаев дека од внатре се борам да станам она што сакам, а овие луѓе се пречка на патот на мојата еволуција.”
Balkis собрала храброст и одлучила да се обиде да го одложи бракот додека не го заврши средното училиште. Мајката ја сфатила, но како жена таа не можела да влијае на понатамошните настани.
Затоа, Balkis го замолила татко ѝ за компромис. Таа ќе се согласи на свадба, но со нејзиниот иден сопруг сакала да ги поминува само празниците, до завршување на училиштето.
Но традицијата на Туарег – етничката група на која ѝ припаѓала Balkis и нејзиното семејство – диктира дека постариот брат може да одлучи за иднината на децата на своите помлади браќа и сестри. Затоа, нејзиниот татко не сакаше да му се спротивстави на својот постар брат – таткото на вереникот на Balkis, и продолжени биле подготовките за свадба.
Целосно очајна, Balkis за помош му се обратила на директорот на училиштето, кој ја упатил на невладина организација која презела правна постапка против нејзиниот татко и чичко, заради обид за присила на брак.
На судот, чичкото негирал сѐ за што бил обвинет и изјавил дека станува збор само за недоразбирање, па случајот бил отфрлен.
Но, кога се вратила дома, нејзиниот чичко ѝ се заканил со смрт и рекол дека, ако е потребно, ќе ја замота во вреќа и ќе ја одведе во Нигерија.
Поради тоа, Balkis итно побарала помош во женското засолниште, кое брзо го пријави случајот на полицијата.
Со оглед на тоа дека им следело апсење, чичкото со остатокот од неговото семејство се вратил во Нигерија, а неколку дена откако тој заминал и Balkis се вратила дома.


















