Научниците создале материјал кој може да се однесува како робот, но без мотори, батерии или запчаници

112

Овој материјал може да се трансформира помеѓу материјал и робот, со помош на надворешно магнетно поле.

Можете ли да замислите материјал кој, кога е потребно, може да се шири, да добива нови форми, да се движи и да ги следи командите како робот, без никаков мотор или запчаници?

Инженерите од Универзитетот Принстон дизајнирале токму таков материјал. Во нивната работа објавена во списанието Nature, тие истакнуваат дека биле инспирирани од јапонската уметност оригами, сè со цел да ги отстранат границите помеѓу роботиката и материјалите.

Резултатот е метаматеријал дизајниран да има нови и необични својства кои зависат од физичката структура на материјалот, а не од неговиот хемиски состав.

Истражувачите од Принстон го направиле својот метаматеријал со комбинирање на едноставни пластики и магнетни композити изработени по нарачка. Со помош на магнетно поле, истражувачите ја промениле структурата на метаматеријалот без директен контакт. Тие го нарекле своето создавање МЕТАБОТ.

Електромагнетните полиња носат моќ и сигнал во исто време. Секое однесување е многу едноставно, но кога ќе ги споите заедно, однесувањето може да биде многу сложено, рече Минџи Чен, автор на трудот и вонреден професор по електротехника и компјутерско инженерство во Принстонскиот центар „Андлингер“ за енергија и животна средина. Ова истражување ги помести границите на енергетската електроника со тоа што демонстрира дека вртежниот момент може да се пренесе од далечина, моментално и прецизно на растојание за да се водат сложени роботски движења.

Како што опишаа, метаботот е модуларен конгломерат од многу реконфигурабилни единечни ќелии кои се огледални слики една на друга. Ова пресликување, наречено хиралност, овозможува комплексно однесување. Туо Жао, постдокторски соработник, рече дека метаботот може да издржи големи деформации – извиткување и намалување – како одговор на едноставен притисок.

Како што истакнуваат научниците, во иднина, таков метаматеријал би можел да се користи во медицината (за испорака на лекови до одреден дел од телото), во леќи, антени, ни и во многу други области.

Новиот материјал би можел да се користи и за дизајнирање физички структури кои ги имитираат перформансите на логичките порти направени со транзистори во компјутер.

Ова ни дава физички метод за симулирање на сложено однесување, како што се некомутативните состојби, рече професорот по инженерство Глаусио Паулино. Бидејќи тој материјал може да се трансформира помеѓу материјалот и роботот, со помош на надворешно магнетно поле.