Металург ќе биде носител, кои се можните ривали во Европската лига?

1045

Металург се пласира во второто квалификациско коло во Европската лига на ЕХФ и на ждрепката ќе биде носител.

ЕХФ ги одреди шеширите, а македонскиот тим поради добриот рејтинг има место меѓу гигантите и ќе ги избегне. Најтежок можен ривал би бил Бидасоа Ирун од Шпанија, тука е и Скјерн од Данска, Кристијанштад од Шведска…

Ждрепката за втората квалификациска рунда од Европската лига ќе се одржи во вторник од 11:00 часот. Во првото коло тимот од Автокоманда беше подобар од Спачва Винковци.

gol.mk