Смртни закани за судијката поради која беше дискфалификуван Ѓоковиќ | Видео

253

Лаура Кларк, судијката која Новак Ѓоковиќ случајно ја удри во вратот со тениско топче, за што беше дисквалификуван од УС Опен, ги затвори профилите на социјалните мрежи откако доби десетици смртни закани.

Испровоцираните обожаватели на Ѓоковиќ не застанаа тука, па така новинарот на „Дејли Меил“ забележа една одвратна порака под еден нејзин пост на Инстаграм во која еден од корисниците на Инстаграм и напиша дека наскоро ќе му се придружи на мртвиот син.

„Не грижи се, наскоро ќе му се придружиш“, напишал корисникот под објавата на Лора Кларк, посветена на нејзиниот покоен син Џош, кој починал во сообраќајна несреќа во 2008 година. Имал само 25 години.

Налутените фанови на Ѓоковиќ и порачаа и дека таа е болна и алкохоличарка, а сето тоа откако се појави видео во медиумите врз основа на кое многумина заклучија дека нејзината претерана реакција довела до исфрлање на Ѓоковиќ од УС Опен.

Во меѓувреме, Кларк е под надзор на докторот на турнирот, а организаторите на УС Опен размислуваат да не ја вклучат во понатамошната програма со цел да ја поштедат од дополнителни притисоци.

Уредничката на британски „Телеграф“, Клер Коен, пак во насловот на колумната го замоли Ѓоковиќ да интервенира во приказната и да ги запре нападите врз судијката, чиј живот се чини дека сега е особено комплициран по видеото објавено на Јутјуб. Станува збор за видео кое во моментов има скоро половина милион прегледи, а на кое може да се забележи дека Кларк го напушта теренот само неколку минути по гестикулацијата дека чувствува голема болка.

Во коментарите, таа беше наречена „сестрата на Нејмар“ и „добитник на Оскар“ поради тоа, но дури и ако Кларк претерала со реакцијата, како што тврдат многумина, ништо не ги оправдува смртните закани и споменувањето на нејзиниот покоен син.