Маж, жена и леб – Без разлика дали сте во брак или не, дефинитивно треба да го прочитате ова

251

На денот на нивната 30-годишнина од бракот, жената како и обично печела леб.

Секое утро печела, тоа им било традиција. Исекла две парчиња леб и двете ги намачкала со путер. Како и обично, од средината зела парче да му даде на сопругот, а себе си оставила од крајчето, но застанала.

Си помислила: “Денес, кога славиме 30 години брак, сакам за појадок парче леб од средината на лебот. Сонувам за него цело време. Бев примерна жена 30 години и ги воспитував нашите синови да бидат добри луѓе. Направив толку многу за доброто на нашето семејство!”

И одлучила на нејзиниот сопруг да му го даде крајчето од лебот, но раката ѝ се стресе што ја прекинува традицијата по 30 години!

Во тој момент мажот го зема лебот и ѝ рече: “Денеска ми даде прекрасен дар, драга. Цели 30 години за појадок не сум јадел од крајчето кое го сакам толку многу, бидејќи сепак праведно ти да го добиеш она што најмногу сакаш! Ти благодарам!”