Манасков и Дејвис го чекаат Вардар во финале

263

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков и унгарскиот прва Веспрем, предводен од Давид Дејвис се првите финалисти на Ф4 во Келн во Лигата на шампионите откако со 33:3о (13:13) славеа над полски Келце во првото полуфинале во „Ланксес“ арената.

Манасков остана на клупата, но репрезентативното крило константно беше на нозе, аплаудираше и ги бодреше своите соиграчи Штрлек, Гајиќ, Наѓ, Илиќ…

Веспрем отвори со фантастична одбрана и расположениот Штербик на голот, кој како да го чуваше најдоброто за крајот на сезоната. Серија од 4-0 за унгарскиот тим и дури пет ипол минути му требаше на Алекс Душебаев за да го постигне првиот погодок за Келце.

Штербик блескаше, имаше осум интервенции за 20 минути, но по една контра на Марко Мамиќ, кој згазна на ногата на Арпад, го повреди и за него полуфиналето заврши предвреме. Повредата на искусниот голман како да го исфрли од игра Веспрем и со серија од 1-5, Келце го превзема водството, 8:10, но се консолидираа во финишот и со 13:13 се замина на паузата.

Во продолжението егал се играше до 18:18, пред Петар Ненадиќ да влезе во елемент. Бекот беше најзаслужен за пресвртот и за новата највисока предност од четири гола 24:20 за Веспрем. Тој натпреварот го заврши како МВП на мечот со 12 гола од 14 обиди и го предводеше Веспрем кон финалето.

Во редовите на Келце, Алекс Душебаев со 6 гола, како и Лука Циндриќ и Артсем Каралек со по 5 погодоци, беа најефикасни.

Веспрем во финалето, утре од 18 часот, ќе го чека победникот од второто полуфинале Вардар – Барселона, кое стартува за еден час.

Манасков и Дејвис го чекаат Вардар во финале