15. Ако се посветите на нешто, тоа нека биде дневна рутина која е составена од дејствија кои со текот на времето ќе ве доведат онаму каде што сакате да бидете.
16. Правете ги работите со намера
Намерно бидете врска. Работете намерно. Не оставајте животот да ви биде серија на случајни дејствија кои изгледале како добра одлука во моментот, но немаат никакво значење.
17. Сфатете се себеси како што сакате светот да ве сфати
Однесувајте се според тоа. Ако вие се однесувате сериозно – тогаш така и ќе бидете сфатени од страна на другите луѓе.
18. „Избришете“ сѐ и почнете одново онолку пати колку што сметате дека тоа е потребно
Нема срам во правењето грешки. Но, ако сте свесни дека сте направиле грешка и знаете што е правилно, а сепак не го направите тоа бидејќи немате храброст, тогаш има срам.


















