Македонија во групата Ц за квалификациите на ЕУРО 2024 во фудбал

1390

Ждрепката одлучи репрезентацијата на С. Македонија да се најде во група Ц заедно со селекциите на Италија, Англија, Украина и Малта.

Во Франкфурт се одржа ждрепката за формирање на квалификациските групи за учество на Европското фудбалско првенство ЕУРО 2024, што ќе се одржи во Германија.

Во шеширите се најдоа 53 репрезентации, вклучувајќи ја и селекцијата на Северна Македонија.

Ждрепката одлучи репрезентацијата на С. Македонија да се најде во група Ц заедно со селекциите на Италија, Англија, Украина и Малта.

Група А

Шпанија, Шкотска, Норвешка, Грузија и Кипар

Група Б

Холандија, Франција, Ирска, Грција и Гибралтар

Група Ц

Италија, Англија, Украина, С. Македонија и Малта

Група Д

Хрватска, Велс, Ерменија, Туркије и Латвија

Група Е

Полска, Чешка, Албанија, Фарски Острови и Молдавија

Група Ф

Белгија, Австрија, Шведска, Азербејџан и Естонија

Група Г

Унгарија, Србија, Црна Гора, Бугарија и Литванија

Група Х

Данска, Финска, Словенија, Казахстан, Северна Ирска и Сан Марино

Група И

Швајцарија, Израел, Романија, Косово, Белорусија и Андора

Група Ј

Португалија, БиХ, Исланд, Луксембург, Словачка и Лихтенштајн

Квалификациите започнуваат на 23 март

Квалификациите за Европското првенство во фудбал започнуваат на 23 март следната година, а завршуваат во ноември.

Првопласираната и второпласираната репрезентација од секоја група, вкупно 20 селекции, ќе изборат пласман на ЕУРО 2024. Репрезентацијата на Германија како домаќин е директен учесник на првенството. Кои ќе бидат последните три репрезентации учесници на Европското фудбалско првенство ќе биде познато по одигрувањето на бараж-натпреварите.

ЕУРО 2024 започнува во Минхен на 14 јуни 2024 година, а финалето е закажано за еден месец подоцна и ќе се игра во Берлин.