Мајката починала од ковид, една недела откако го родила бебето

317

Kristen McMullen од Флорида лежела во болница со симптоми на Ковид една недела пред царски рез, по што нејзиното здравје нагло се влошило.

Младата мајка ја загубила битката за живот. Успеала само еднаш да го нахрани новороденото бебе, а потоа починала …

Само една недела по раѓањето на девојчето Summer, 30-годишната Kristen McMullen од Флорида починала од Ковид-19. Првите симптоми ги почувствувала неколку дена пред датумот на породувањето, а по итен царски рез, била префрлена на одделот за интензивна нега. Таму таа само еднаш успеала да го држи своето дете во раце и да го нахрани пред да почине, пишува Mirror.

Две фотографии со мајката како за спомен

Kristen била во болница со симптоми на Ковид една недела пред царскиот рез, по што нејзиното здравје нагло се влошило. Таа успеала да го држи своето дете во раце само неколку минути. Девојчето ќе има само две фотографии направени во спомен на нејзината мајка додека ја хранела. На едната фотографија таа има заштитна маска, а на друга фотографија е без маска.

Mirror пишува дека не е познато дали Kristen била вакцинирана.

“Ќе ни недостига додека сме ние живи”

Тетката на Kristen ја опиша како “бистра, убава, жива девојка која зад себе го остава својот сопруг Keith, кој ѝ бил најдобар пријател, и едно прекрасно девојче старо недела дена”.

“Сѐ околу неа блескаше, нејзината смеа беше заразна и навистина ќе ни недостига секој ден додека сме живи. Ние сме многу благодарни за времето што го поминавме со неа и му благодариме на Бога за благословот на нејзиното мало девојче што го остави зад себе”, рече тетката на починатата жена.