Магнетската моќ на привлекување е откриена | Како точно да се насочат мислите тие да станат реалност

4511

Ако сакате да станете свесни за своите мисли и да ги изберете внимателно, посакајте тоа да ви биде забавно, затоа што сте ремек-дело на вашиот живот. Вие сте Микеланџело на својот живот. Давид кој ќе го креирате вие самите.

Со умот ќе завладеете кога ќе го смирите. Секој учител споменат во книгата Тајна, секој ден медитира. Медитацијата го смирува вашиот ум, помага во совладувањето со сопствените мисли и го обновува телото. Одлично е тоа дека за медитацијата не мора да одвоите неколку часа на ден. Започне со 3-10 минути на ден, што може да биде многу ефикасно за стекнување на контрола над сопствените мисли.

За да станете свесни за своите мисли, можете да објавите: “Јас сум господар на сопствените мисли.” Често изговарајте ја таа фраза, медитирајте за неа, и додека размислувате за таа изјава законот на привлекување ви овозможува да се оствари токму тоа.

Сега добивате сознание кое ќе ви овозможи создавање на најубавите верзии за самиот Себе. Можноста на таа верзија веќе постои на фреквенцијата “најубавите верзии на себе си.” Одлучите што сакате да биде, ќе сакате да правите и да имате, размислувајте за тоа, пренесувајте ја таа фреквенција и вашата визија ќе биде претворена во реалност.

Законот на привлекување е возвишена Тајна на животот.

Законот на привлекување, вели дека, сличностите се привлекуваат, па кога ќе размислувате за нешто истовремено привлекувате слични мисли.

Мисли се магнети и имаат фреквенција. Додека си размислувате, мислите ги испраќате во Вселената, и тие како магнет ги привлекуваат сите слични работи кои се на иста фреквенција. Сè што сте испратиле се враќа кон својот извор, кон вас.

Вие сте како телевизиски преносител. Со своите мисли пренесувате фреквенција. Дали сакате да промените нешто во својот живот, променете ја фреквенцијата со промена на своите мисли.

Тековните мисли го обликуваат идниот живот. Она за што најмногу размислувате и она на што сте најмногу фокусирани, ќе се појави во вашиот живот.

Споделете со вашите пријатели

Мислите ви се преобразуваат во реалност.

Извадок од книгата “Променете ги мислите, ќе го промените и животот” и транскрипција на видеото: