Објавено July 24, 2016. Прочитано 119819
Кога мислиме, енергијата се става во движење и врши комуникација, односно, интеракција со другиот создаден свет на специфичен начин, така што мисловната енергија како голем магнет, кон себе привлекува слична енергија од околниот свет во форма на луѓе, нешта, настани или состојби кои се складни со нашата енергија.
Врз основа на она што ќе привлечеме во нашиот живот, ние повторно создаваме мисли и уверување, а светот околу нас повторно нѝ одговара со привлекување на она што соодветствува на нашата енергија, и така во недоглед.
Тоа е Законот на Привлекување!
Тој дејствува секогаш кога ќе се придвижат нашите групи на мисли кои се фокусирани и носат одреден емотивен набој. Тогаш тие дејствуваат како магнет. Законот на привлекување е еден од природните закони кои владеат во овој живот. Тоа е активност на човековата мисла, па затоа е особено тешко да се одвојат од мислите и да се анализираат.
Верувале ние во Законот на привлечноста или не, го забележувале во нашиот живот или не, тој постои и нѝ ги привлекува сите оние луѓе, нештата и настаните кои одговараат на нашата енергија и на нашите верувања. Врз основа на она што ќе го привлечеме во животот, ние повторно создаваме нови ставови или групи на мисли кои се со специфичен емоционален набој, и колку набојот е поголем, толку побрзо ќе го привлечеме она во што веруваме, односно она за што ние размислуваме.
Законот на привлекување е многу послушен и непогрешливо ист за сите. Кога често размислуваш за она што не го сакаш и не сакаш да ти се случи, кога во исто време произведуваш силни чувства на непријателство кон она што не ти се допаѓа, со таков чин го привлекуваш токму она што не го сакаш во своето постоење.
Затоа, нашиот народ често вели дека ќе се сретнеш во животот токму со она што не го сакаш, но луѓето така велат немајќи правилно разбирање. Вистинското објаснување е дека просечниот човек често размислува за она што не го сака, произведува силни чувства на одбојност додека мисли и раскажува за тоа што не сака, а можеби дури и верува во поговорката дека во животот ќе се сретне токму со она што не му се допаѓа, и ете целосно зло. Но, и она што сте го креирале сами со своите верувања и мисли.
Во тоа нема ниту причина ниту судбина, сѐ е јасно и рационално. Со своите мисли во животот сте привлекле што не ви се допаѓа. Она што сега го размислувате, ја креира Вашата иднина. Она за што најчесто размислувате, она на што најмногу се фокусирате ќе се појави како дел од вашиот живот.
Енергијата ја привлекува енергија. Ако се гледате себе си како живеете избалансиран и пријатен живот и верувате дека така ќе биде, со Божја помош, тоа ќе го и привлечете.
Затоа, постои една стара народна поговорка – За злото не зборувај ниту во планина, која би требало да биде надополнета со, дури и не размислувај за злото, а камоли да зборуваш за него.
Законот на привлекување непогрешливо ги манифестира во твојот живот, нештата, ситуациите и луѓето за кои размислуваш. Овој закон секогаш и непогрешливо функционира. Доколку заземеме позитивен начин на размислување со позитивни емоции, ние ќе ги привлечеме позитивните луѓе, позитивните настани и околности. Ако сме многу лути и негативни во својот став ќе привлечеме уште повеќе негативни, лути, незадоволни луѓе и негативни околности кои ќе произведат уште повеќе негативно во нас и уште повеќе ќе нѐ утврдат во негативниот став.
Ќе мислиме дека сме во право кога мислиме дека сѐ е негативно, бидејќи има докази насекаде околу нас. Не разбираме дека сѐ самите сме привлекле, дека животот не е таков, туку нашите мисли вовеле во секојдневниот живот она што сме го посеале во него.
Ако добро ги отворите очите и погледнете околу себе ќе го видите законот на привлечноста на дело насекаде околу вас.
Она за што размислувате, тоа и го внесувате во својот живот, преку луѓето, ситуациите и околностите.
Вашиот живот е физичка манифестација на Вашите мисли. Ако сето ова не го разбирате, не значи дека треба да го отфрлите. Ние не разбираме многу од настаните во нашиот живот, а сепак ги користиме за лична корист.
Закон на привлекување може да се објасни со три зборови: мислите стануваат реалност.
Продолжува на страна 2