Лимонот против болките во зглобовите

248

Лимон содржат витамин C, A, B1, B6, магнезиум, биофлавоноиди, пектин, фосфор, калциум, калиум и други, па овој плод може да биде наречен “супер храна”.

Тој ни го заштитува здравјето и се бори ефикасно против болестите и штетните микроорганизми.

Освен што не штити од разни заболувања, лимонот исто така би можел да помогне за ублажување на болките во зглобовите.

Еве како:

Измијте два лимони, излупете ги и ставете ги корите во посебна тегла. Додадете маслиново масло, колку да ги покрие, и затворете добро садот. Оставете ги на собна температура за 2 недели.

По овој период производот ќе биде подготвен за употреба. Земете една крпа и ставете малку од растворот на неа. Намачкајте го добро заболеното место. Од горе превржете со пластична кеса, а над неа ставете волнен шал.

Направете постапката навечер пред спиење, за да може активните состојки на природните производи да подејстват токму во овој период во кој зглобовите одмораат.