Лековитите својства на чајот од дивите рози

93

Дивите рози, односно шипинката, се познати по лековитоста на плодот, кој е полн со витамин Ц и се користи во фармацијата и козметиката.

Малкумина знаат дека покрај плодот, може да се користат и ливчињата од цветовите.

Една лажичка суви цветови од дива роза се прелива со 200 мл зовриена вода. Оставете да отстои 20 минути и процедете го.

Овој чај, освен што е вкусен, ефикасен е при менструални тегоби и главоболки.

Облоги од вински оцет во кој отстојале свежи цветови од дива роза ќе ви помогне при смирување на кожните црвенила и чешањето. Во еден литар бел оцет треба да отстојат 125 гр свежи цветови, на темно, девет дена и после може да се користи.