Леден брег со големина на Лондон се откачил од Антарктикот и го привлече вниманието на научниците

89

Овој настан е очекуван и е дел од природното однесување на ледената плоча Brunt. Ова не е поврзано со климатските промени, посочуваат научниците.

Ледениот брег со големина на Лондон се откина од Brunt ледениот гребен на Антарктикот и полека лебди, објави британската агенција за истражување на Антарктикот.

Се проценува дека сантата има површина од околу 1.550 квадратни километри, а се одвоила откако пукнатините, кои се појавиле во изминатите години, се прошириле по сантата.

Пукнатината Chasm-1 целосно се проширила низ површината на мразот и предизвикала раздвојување на плочата за време на пролетните плими. Ова е второ големо откинување на мразот во оваа област во последните две години.

In 2021, the A-74 iceberg calved from the Brunt Ice Shelf, which is showing the cracks where the new iceberg will eventually break off. Image credit: Contains modified Copernicus Sentinel data (2021), processed by ESA, CC BY-SA 3.0 IGO

Овој настан е очекуван и е дел од природното однесување на ледената плоча Brunt. Ова не е поврзано со климатските промени. Нашите научни и оперативни тимови продолжуваат да го следат ледениот гребен во реално време за да се осигураат дека е безбеден и да ја одржуваат испораката на науката што ја спроведуваме во Halley, објасни професорот Dominic Hodgson, глациолог на BAS.

Глациолозите од British Antartic Survey кои ја проучуваат оваа област и се наоѓаат на истражувачката станица на ледениот гребен Brunt, истакнуваат дека моментално не им се заканува ова одвојување.

За потсетување, поради топењето на мразот и проширувањето на пукнатините, целата истражувачка станица мораше да се премести во 2016 година за 23 километри во внатрешноста на земјата.

Нашите глациолози и оперативни тимови го очекуваа овој настан. Мерењата на ледената плоча се земаат повеќе пати на ден со помош на автоматизирана мрежа на високопрецизни GPS инструменти што ја опкружуваат станицата. Со ова се мери како ледената покривка се деформира и се движи и се споредува со сателитски снимки од ESA, NASA и германскиот сателит TerraSAR-X. Сите податоци се испраќаат назад во Кембриџ на анализа, па знаеме што се случува дури и во текот на зимата на Антарктикот – кога нема персонал на станицата, темно е 24 часа на ден, а температурата паѓа под минус 50 степени Целзиусови, истакна директорката на BAS, професорката Jane Francis.