Лажни закани за здравјето

108

Без разлика низ колку сезони за грип сте поминале низ вашиот живот, има голема шанса уште да верувате на некои митови во врска со вашето здравје.

Всушност голем дел од луѓето ги сметаат за вистинити наметнатите тврдења од минатото и сè уште се загрижени за работи за кои немаат потреба.

Бидејќи студените денови веќе се факт, а со нив доаѓаат и повеќето грипови прочитајте кои се лажните закани за здравјето, за кои не треба да се грижите повеќе:

Излегувате надвор со влажна коса

Ако направите такво нешто, може да почувствувате “треска”, но не и да се разболите. Настинките се предизвикуваат од вируси, а мократа коса на никаков начин не влијае врз ризикот од тоа да влезете во контакт со сличен вирус. Вирусите имаат способност да се шират преку кивање или кашлање.

Не се облековте соодветно во студеното време

Според експертите, дали се облековте со два џемпера или “скромно”, нема да влијае на вашето здравје во грип сезона. Студениот воздух не игра важна улога во тоа дали ќе се разболите или не. Ова може да ви се случи дури и кога, иако сте постојано облечени со дебели алишта, зборувате во близина на човек кој би можел да ве зарази со вирус.

Имате недостиг на витамин Ц

Сè уште има различни мислења по прашањето дали доволните нивоа на витамин Ц во вашиот организам во тоа време од годината можат да ве заштитат од настинки. Според некои студии, витаминот Ц во големи дози нема да ве заштити од грипот, но пак ќе ви помогне да се изборите побрзо со него. Од друга страна, витаминот Ц е пријател на имунолошкиот систем и ја ве прави посилни и издржливи на болести.

Во близина сте до некој кој е болен

Се разбира, да настојувате да стоите подалеку од болни луѓе е добар начин да се заштитите од настинки, но не и сигурна стратегија. Всушност луѓето можат да го шират грипот уште пред да разберат дека се болни (најчесто еден ден пред да се појават симптомите). Освен тоа, не заборавајте дека вирусите можат да се пренесат преку поздравување и дури преку заразени предмети.