Контрацептивните апчиња стегаат делови на мозокот

184

Контрацептивни таблети можат да ги направат жените понемирни, поради намалувањето на делови од мозокот како последица на синтетичките хормони во апчињата, предупредија научниците од Калифорнија.

Речиси 100 милиони жени во светот користат контрацептиви и се свесни за несаканите ефекти – промена во расположението, главоболка, гадење, вклучувајќи ги и потешките како згрутчување на крвта и рак на дојка.

Ново истражување покажа дека употребата на вакви контрацептиви води до контракција на два клучни регионот на мозокот, предизвикувајќи промени во мозочната структура и функции.

Невролозите од Калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес ги истражуваат мозоците на 90 жени, 44 од кои употребуваат контрацептиви. Тие откриле дека страничната и задната кора на мозокот кај жените, кои користеле апчиња, е значително потенка од онаа на жените кои не се.

Како резултат на истражувањето, научниците велат дека тие се одговорни за зголемената анксиозност и депресивни симптоми кај жените кои ги користат.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.