Вага – неодлучни
„Само затоа што вагата се обидува да најде баланс од нивната внатрешна природа, не значи дека тие се постојано незадоволни. Иако понекогаш е тешко да се остане избалансиран, Вагата наоѓа рамнотежа во анализирање на секоја ситуација“, вели Стардаст, додавајќи дека ја сакаат слободата, но кога ќе стапат во врска, тие се крајно лојални.
Скорпија – опсесивни
Тие често се доживуваат како отровни, но тоа не значи дека се токсични, опсесивни или лошо е да ги имате на ваша страна.
„Скорпиите гледаат на сите страни, судат врз основа на факти. Можеби ќе потрае подолго за да сфатат што навистина сакаат во животот, но штом го дознаат тоа, ќе направат се за да го добијат она што го предвидуваат“.
Стрелец – злобни
Иако стрелецот е претежно искрен, немојте да претпоставувате дека тој е злобен и саркастичен.
„Стрелецот навистина ги користи лакот и стрелата, но само со зборови, за да ја покаже својата искрена природа. Тој нема намера да повреди други“, вели Стардаст.
Продолжува на страна 4



















