Бик
Претставниците на овој знак се разумни и практични луѓе кои не оставаат незавршена работа, освен тоа се и добри слушатели. Тие покажуваат голема претпазливост кон најблиските луѓе и понекогаш можат да бидат дури и опседнати.
Биковите се многу чувствителни и романтични и ќе останат верни на партнерот. Тие имаат потреба од некој чесен и сигурен човек кој ќе пројави трпение и ќе ги цени нивните квалитети. Родените под овој знак не сакаат да зборуваат многу, но имаат големо срце и најдобро одговараат со некој кој ќе остане до нив, и покрај сè.
Најдобра сеопфатна компатибилност: Девица, Јарец
Најдобра компатибилност во врска: Скорпија
Близнаци
Близнаците се сметаат за многу непредвидлив и сложен знак, бидејќи никогаш не можеме да разбереме која страна на личноста ќе се манифестира. Од една страна тие можат да бидат многу социјални, харизматични и флексибилни, но понекогаш се губат во сопствените мисли и можат да се покажат како многу сериозни и нерешителни.
Тие сепак имаат големо срце и нежна природа и можат брзо да се прилагодат на секоја ситуација. Близнаците имаат потреба од партнерка, која ќе им понуди одличен разговор и кој ќе ги стимулира и поттикнува. Тие имаат потреба од возбуда и страст во врската.
Најдобра сеопфатна компатибилност: Вага, Водолија
Најдобра компатибилност во врската: Стрелец
Продолжува на страна 3


















