Рак
Родените под овој знак може да изгледаат многу сложени и тешки за запознавање, но под цврстата школка се крие целиот свет. Раковите имаат многу длабока, емотивна природа, тие се и едни од најкреативните луѓе со најголемата имагинација која некогаш ќе ја сретнеме.
Тие имаат енергија – љубовна како мајчината, и се однесуваат многу грижливо кон своите пријатели и семејството. Претставниците на знакот Рак се вистинити и имаат потреба од партнер кој исто така нема да ги предаде и ќе пројави трпение, бидејќи на нив им е потребно повеќе време за да дозволат некој блиску до себе.
Најдобра сеопфатна компатибилност: Скорпија, Риби
Најдобра компатибилност во врска: Јарец
Лав
Тие се родени лидери и сакаат да бидат во центарот на вниманието. Освен тоа се срдечни, љубезни, весели и страстни и нема да се запрат пред ништо, за да ги постигнат своите цели.
Лавовите се искрени, затоа нема да ни треба да се чудиме што мислат или чувствуваат. Тие едноставно ќе ни кажат. Имаат потреба од партнер со голема амбиција, хумор и оптимистичка перспектива за животот.
Најдобра сеопфатна компатибилност: Овен, Стрелец
Најдобра компатибилност во врска: Водолија
Продолжува на страна 4


















